ЕКОНОМСКО ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ЗНАЕЊЕ И ДОВЕРБА

Тел: 02 / 3245 - 970, 3245 - 971

e-mail: info@fvkonsalting.com.mk
 
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО СПОРЕД МСФИ/МСС
Со 992 страници, ова издание е практичен прирачник кој е концепиран според МСФИ/МСС и сметковниот план за сите сметки од класа 0 до класа 9. 

Претставува спој на теоретски знаења и бројни практични решенија за признавање, презентирање и обелоденување на деловните трансакции. 

Дава насоки за сметководствено евидентирање според МСФИ/МСС, сметковниот план и законската регулатива во РСМ. 

Вклучува примери на финансиски извештаи и сметководствени политики според МСФИ/МСС. Наменет е за трговците од сите дејности, самостојните вршители на дејност, приватните установи, јавните претпријатија и други субјекти со профитна дејност. Прирачникот е корисен водич за професионалните и долгогодишните практичари, но и за оние кои сакаат да стекнат нови знаења.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 5.490 ден.

 
 
МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ЕНТИТЕТИ
 

Ова издание, на 808 страници, претставува водич за примена на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ). 

Од 1 јануари 2012 година овој нов поедноставен стандард кој е составен од 35 Оддели го применуваат субјектите од приватниот сектор, односно сите видови на трговски друштва, самостојни вршители на дејност, приватни установи, јавни претпријатија и други субјекти кои се класифицирани како мали и микро трговци кои не котираат на берза, во согласност со Законот за трговски друштва. 

Во РСМ овој стандард (МСФИ за МСЕ) е официјално објавен во Службен весник на РМ број 107 од 10 август 2011 година, како дополнување на Правилникот за водење на сметководство. 

Одделите од стандардот се обработени низ бројни, практични примери и илустративни книжења за трансакциите со користење на сметките од сметковниот план. 

Прирачникот претставува поедноставна рамка за признавање, мерење, презентирање , обелоденување на деловните трансакции и настани кај малите и микро трговци. 

Прирачникот е корисна алатка за сите сметководители кои непосредно и професионално се ангажирани во примена на МСФИ за МСЕ.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 4.190 ден. 

 
 
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО ЗА БУЏЕТИТЕ И БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ 

со практични примери од класа 0 до класа 9

Прирачникот е изработен според законските прописи и Правилникот за водење на сметководство за субјектите од јавниот сектор. Прирачникот има 414 страници.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 4.000 ден. 

 
 
АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВЕН ПЛАН (ПРИВАТЕН СЕКТОР) 
Ова издание има 248 страници.

Аналитичкиот сметковен план го применуваат субјектите кои сметководството го водат согласно ЗТД правилникот за сметководство (и согласно МСС/МСФИ).

На пропишаните синтетички сметки и расчленети аналитички сметки се евидентира: состојбата и движењето на средствата, капиталот, обврските, приходите, расходите и резултатот од работењето во согласност со усвоените МСС/МСФИ и меѓународниот стандард. За финансиско известување за мали и средни субјекти МСЕ. 

цена 1.800 ден.

 

АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВНИ ПЛАНОВИ (БУЏЕТСКИ И НЕПРОФИТЕН СЕКТОР) 

Збирката аналитички сметковни планови, на 240 страници опфаќа:

- аналитички сметковен план за непрофитните организации

- НОВ аналитички сметковен план за буџетот на РСМ, на единиците на локалната самоуправа и на фондовите

- НОВ аналитички сметковен план за корисниците на средствата од буџетите и фондовите (и за јавните здравствени установи)

цена 1.950 ден.  

 

ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА 

Со 506 страници, ова издание се однесува на Законот за трговски друштва и во него се посебно разработени одредбите за: трговец, трговец поединец и трговски друштва.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 1.600 ден. 

 
ЗАКОН ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ
 

Оваа книга, на 400 страници се обработени основите на облигационите односи, настанувањето на обврските, формите на договор, капар, застапување, неважност на договорот, лихварски договор, одговорност за неисправен производ, надомест на материјална штета и друго.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 1.700 ден.

 
ЗАКОН ЗА ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ 

Оваа книга, на 520 страници ви нуди целосни информации за трансакциите и трансферите, тековните трансакции, капиталните трансакции, плаќањата и трансферите, пазарот на странските платежни средства и курсот на денарот, посебните мерки на Народна банка на РСМ, известувања, надзор, казнени одредби, упатства, одлуки и правилници.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 1.990 ден. 

 
ЗБИРКА НА ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ 

Заради важноста на даноците во работното секојдневие на секој стопански субјект, ФВ Консалтинг ја изготви оваа комплетна збирка на даночни прописи, со цел точно да Ве информира за секој вид на данок кој го применувате во Вашето работење. На 936 страници собрани се бројни закони, правилници и одлуки.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 3.500 ден.

 
ЗБИРКА НА ЗАКОНИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ 

Збирката на закони од областа на работните односи претставува одговор на сите Ваши прашања со кои се соочувате. Многуте законски измени кои настанаa во врска со законските прописи од областа на работните односи токму овде се комплетирани. Книгата има 400 страници.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 1.800 ден.  

 
ПРИРАЧНИК ЗА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ДДВ 

Имајќи го во предвид фактот дека големиот број на приватни фирми, здруженија, јавни институции, како и физички лица спаѓаат во категоријата на даночни обврзници за ДДВ или се потенцијални обврзници за овој данок, сметаме дека со ова издание подетално, јасно и разбирливо Ви ја презентираме материјата во Законот за ДДВ и подзаконските акти и нивно спроведување во пракса.

Истиот се состои од 27 теми на 640 страници, во кои детално се обработени прашања кои се однесуваат на оданочувањето на прометот во земјата и изобилува со практични примери за оданочување на прометот на добра и услуги во производните дејности, во трговијата на големо и мало, угостителството, градежништвото, тур-оператори, банки и финансиски институции, осигурителни друштва, превоз, сервисно-ремонтни услуги, како и третманот на ДДВ во работењето на непрофитни организации, државни органи, општини, јавни установи и други јавно правни тела кои се во системот на ДДВ.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 4.000 денари

 

ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА 

Книгата има 92 страници. Стручно издание на Економско правен консалтинг ФВ кое се однесува на трошоците за службени патувања во земјата и во странство. Истото претставува спој на законски одредби и практични решенија за признавање и исплата на трошоците за службени патувања во земјата и странство во приватниот и во буџетскиот сектор, нивно сметководствено евидентирање и даночен третман од аспект на данокот на добивка и данокот на личен доход.

Преку практични примери се разработени правилата за пресметка на трошоци за пат, сместување, дневници и сите пропратни трошоци за вработените, како и изготвување на патни налози, начин на исплата на надоместоци за пат во земјата и странство.

Изданието е изработено во лесен, едноставен и разбирлив стил, со што е приспособен за секојдневна употреба од страна на сметководителите, благајниците, правниците и управителите/раководителите.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 1.390,00 ден.