Корисник:
Лозинка:
 
 
„ Најсреќен е оној човек кој направил среќни други луѓе! –Дидро “
 
 Курсни листи
Тековен курс на МКД
(Курсна листа од Народна Банка на Р. Македонија)
 
 

Цени на горива од 17.1.2012 година

ЕУРО (супер БС - 95)

79,50

ЕУРО (супер БС - 98)

81,00

Еуро-дизел БС (Д-Е V)

72,50

Масло за горење ЕЛ-1

61,00

 
 Корисни линкови
 
- Сојуз на стопански
комори на Македонија
 
Владини институции
- Претседател на РМ
- Собрание на РМ
- Влада на РМ
- Министерство за одбрана
- Министерство за
  внатрешни работи
- Министерство за
  образование и наука
- Министерство за животна
  средина
- Министерство за локална
  самоуправа
- Министерство за здравство
- Министерство за финансии
- Министерство за економија
- Министерство за труд и
  социјала
- Министерство за култура
- Министерство за
  надворешни работи
Останати државни агенции и институции на Република македонија
- Управа за јавни приходи
  на РМ
- Царинска управа на РМ
- Агенција за приватизација
- Завод за вработување
- Завод за статистика
- Агенција за катастар на
  недвижности
- Централен регистар на РМ
- Фонд за ПИО
- Македонска берза за
  хартии од вредност
 
 
Кратки вести
 
За пресметка на бруто платата за јануари 2012 година, во образецот МПИН потребно е да го внесете износот 30.591 - просечна бруто плата која ќе важи за цела 2012 година.
 
 
С О В Е Т У В А Њ Е

Економско правен консалтинг ФВ Ве поканува на советувањата за составување на годишната сметка за 2011 година

Советувањата ќе се одржуваат во следните термини:

ВИНИЦА мотел „Слив“ 25 јануари 2012 год.
СТРУГА хотел „Инекс Дрим“ 26, 27 и 28 јануари 2012 год.
СКОПЈЕ хотел „Континентал“ 30 и 31 јануари 2012 год.
СТРУМИЦА хотел „Тивериопол 1 февруари 2012 год.
ПРИЛЕП хотел „Кристал Палас“ 2 февруари 2012 год.
СКОПЈЕ хотел „Континентал“ 3 февруари 2012 год
СКОПЈЕ хотел „Континентал“ 6 и 7 февруари 2012 год.
ГЕВГЕЛИЈА мотел „Вардар“ 8 февруари 2012 год.
КАВАДАРЦИ „Квартум“ 9 февруари 2012 год.

СОВЕТУВАЊЕТО КОЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 3 ФЕВРУАРИ ВО ХОТЕЛ „КОНТИНЕНТАЛ“ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА САМО НА БУЏЕТИТЕ ФОНДОВИТЕ, БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ, ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ЈЗУ

СОВЕТУВАЊАТА ЗАПОЧНУВААТ ВО 10 ЧАСОТ

Покана и Програма за советувањата за субјектите од стопанството

Покана и програма за советувањата за Буџетите и Фондовите, Буџетските корисници, единиците на локалната самоуправа и здравствените установи

Пријава - Потврда за присуство на советувањата 

 
 
НОВ АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВЕН ПЛАН

Ве известуваме дека подготвивме  НОВ АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВЕН ПЛАН кој ќе го применуваат субјектите кои сметководството го водат согласно со Законот за трговски друштва и Правилникот за водење сметководство согласно МСС/МСФИ и МСЕ.

На пропишаните синтетички сметки и расчленети аналитички сметки се евидентира: состојбата и движењето на средствата, капиталот, обврските, приходите, расходите и резултатот од работењето во согласност со усвоените МСС/МСФИ и Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти - МСЕ.

НАРАЧАЈ ЗА САМО 1500 ДЕНАРИ СО ВКЛУЧЕН ДДВ!

Превземи профактура овде

 
 

ОБРАСЦИ ЗА ГОДИШНА СМЕТКА ЗА 2011 ГОДИНА

Ве известуваме дека на веб страницата на Централен регистар на РМ (www.crm.com.mk), како и на веб страницата на Министерството за финасии (www.finance.gov.mk) може да се најдат пропишаните обрасци за годишна сметка за субјектите од нефинансискиот сектор (микро, мали, средни и големи трговци):

- Биланс на Состојба, види тука...

- Биланс на успех, види тука...

- Објаснувачки белешки, види тука....

Исто така може да се најдат и обрасците за посебни податоци за Државна евиденција за субјектите од нефинансискиот сектор и Друштвата за осигурување и реосигурување:

- Посебни податоци за државна евиденција види тука...

- Посебни податоци за државна евиденција види тука....

 

 
 

НОВА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА

за утврдување на персонален данок на доход

Образец ПДД - ГДП 

Во „Службен весник на РМ“ бр.4/12 е објавена измена на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход. Со тоа се пропиша нов образец „ПДД - ГДП“, кој даночниот обврзник го доставува до 15 март.

Види тука...

 
 

НОВИ ОБРАСЦИ „ДЕ“ - ПОСЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДРЖАВНА ЕВИДЕНЦИЈА

Во „Сл.весник на РМ“ бр.9/12 се објави измена на Правилникот за посебните податоци потребни за системот на државната евиденција и за формата и содржината на образецот за државната евиденција, со која се пропишуваат нови обрасци: „Образец ДЕ - Посебни податоци за државна евиденција за субјектите кои не применуваат посебни сметковни планови (големи, средни, мали и микро субјекти)“ и „Образец ДЕ - Посебни податоци за државна евиденција за осигурителни и реосигурителни друштва“.

Овие обрасци ќе се применуваат при доставувањето на годишната сметка за 2011 година.

Повеќе... 

 
 
Нов клиентски софтвер МПИН за пресметка на плата за јануари 2012 година

За пресметка на платата за јануари 2012 година, задолжително превземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер (Образец МПИН) со стапките на придонесите за социјално осигурување и новото лично ослободување за 2012 година, од веб страницата на УЈП.        За повеќе информации кликнете тука

 
 

КОЕФИЦИЕНТОТ ЗА МДБ ЗА ДЕКЕМВРИ 2011 ГОД. ИЗНЕСУВА 4,0%

Согласно Соопштението на Државниот завод за статистика бр.4.1.12.01 од 03.01.2012 година, коефициентот за МДБ за декември 2011 година изнесува 4,0%. Субјектите кои го применуваат Законот за исплата на платите, немаат право на пораст на платите за месец декември.

 
 
РЕФЕРЕНТНАТА КАМАТНА СТАПКА НА НБРМ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА
И ЗА ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2012 ГОДИНА

Стапката на казнената камата за трговци, лица на јавното право и граѓани останува непроменета во првото полугодие од 2012 година бидејќи согласно Објавата бр.9901 на НБРМ од 28.12.2011 година, референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2012 година до 30.06.2012 останува 4,00%.

Едномесечната стапка на Еурибор објавена на 30.12.2011 година изнесува 1,024%.

 
 
ПЕТОК - 6 ЈАНУАРИ - НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ПРАВОСЛАВНА ВЕРОИСПОВЕД
САБОТА - 7 ЈАНУАРИ - НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА РМ

Согласно Законот за празници на РМ („Сл.весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и  7 јануари (сабота),Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на РМ.

 

 
 
АНТИКРИЗНА МЕРКА НА ВЛАДАТА НА РМ
ЗА БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И ЈЗУ

Земајќи ја во предвид актуелната економска криза, а со оглед на престојните новогодишни и божиќни празници, Владата на РМ го донесе следниов заклучок:

органите на државната управа, јавните претпријатија и јавните здравствени установи, фондовите, агенциите, бироата, заводите, управите, агенциите, акционерските друштва во државна сопственост и сите останати државни институции, да не одржуваат прослави на државен трошок и да не доделуваат новогодишни пакетчиња со буџетски средства.

Воедно Владата на РМ одлучи да не се доделуваат награди на вработените, како и регреси за годишен одмор. Истото се препорачува и на регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, вклучително и на сите градинки, основни и  средни училишта во РМ.

 
 
МЕСЕЧНО ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ

Месечното лично ослободување за 2012 година изнесува 7.470 денари.

Во „Службен весник на РМ“ бр. 177/2011 се објави месечното лично ослободување од плата за 2012 година во износ од 7.470 денари и истото ќе се користи започнувајќи со јануарската плата за 2012 година.

Годишното лично ослободување изнесува 89.640 денари.

 
 

ИЗМЕНЕТИ ПРАВИЛНИЦИ ЗА СМЕТКОВОДСТВО ЗА БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И НЕПРОФИТНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Во „Службен весник на РМ„ бр.175/2011 се објавија измените и дополнувањата на следниве правилници:

- Правилник за сметковниот план за буџетите и буџетските корисници,

- Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите,

- Правилник за обликот и содржината на билансот и состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските кориснци,

- Правилник за сметководството за буџетите и буџетските корисници,

- Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници и

- Правилник за сметководството за непрофитните организации.

Измените и дополнувањата влегуваат во сила од 20 декември 2011 година.

 
 
И З В Е С Т У В А Њ Е

ВО ПОДГОТОВКА Е ИЗДАНИЕТО

 „ПРИРАЧНИК ЗА БУЏЕТСКО СМЕТКОВОДСТВО“

(СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И КНИЖЕЊА)

Прирачникот е наменет за субјектите од нестопанството односно буџетите и буџетските корисници.

 
 

НОВ СМЕТКОВЕН ПЛАН

Од 17 декември 2011 година во сила е новиот Сметковен план кој е објавен во Правилникот за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план („Службен весник на РМ“ бр.174/11).

Во истиот, „Службен весник на РМ“ бр.174/11 е објавен и Правилникот за изменување и дополнување на правиникот за формата и содржината на годишната сметка, кој е во сила од 17 декември 2011 година.

Двата нови правилници важат за Годишната сметка за 2011 година.

 
 

НОВА ДДВ-04 ПРИЈАВА И НОВИ ОБРАСЦИ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

На 16 декември 2011 година влезе во сила Правилникот за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр. 173/11) со кој се пропиша новата ДДВ-04 пријава. Истата може да ја превземете од веб страната на УЈП во делот Обрасци и тука...

Во истиот, „Службен весник на РМ“ бр. 173/11, се објави и новиот Правилник за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување (во сила од 16 декември 2011 година). Обрасците пропишани со овој правилник се наоѓаат на веб страната на УЈП во делот Обрасци, тука...  

 
 

КОЕФИЦИЕНТОТ ЗА МДБ ЗА НОЕМВРИ 2011 ГОД. ИЗНЕСУВА 3,9%

Согласно Соопштението на Државниот завод за статистика бр.4.1.11.83 од 1 декември 2011 година коефициентот за МДБ за ноември 2011 година изнесува 3,9%. За субјектите за кои се однесува Законот за исплата на платите, за месец ноември правото на пораст на плати изнесува 0,3%.

 
 

БЛОКИРАНИТЕ ФИРМИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПО ПАТ НА КОМПЕНЗАЦИЈА, ЦЕСИЈА И ДРУГ ВИД ПРЕСМЕТКА ДО 31.12.2013 ГОДИНА

Во членот 25 став (1) од Законот за платниот промет („Сл. весник на РМ“ бр.113/07...35/11) е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка, меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг можат да го вршат до 31.12.2011 година. Имајќи предвид дека, од 1 јануари 2012 година престанува можноста за плаќање со пресметка од страна на субјектите кои имаат блокирана сметка, а да не се зададе дополнителен товар на стопанството се оцени дека е неопходно примената на наведената одредба да се одложи за две години.

Со предлог измената на Законот ќе се одложи примената на одредбата од членот 25 став (1) за две години, и учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка меѓусебните парични побарувања и обврски ќе можат да ги плаќаат со пресметка до 31.12.2013 година

 
 

ПРЕСТАНУВА ОБВРСКАТА ЗА ПРИМЕНА НА ГРАНСКИТЕ ОСНОВИЦИ ОД ЈАНУАРИ 2012 ГОДИНА 

Согласно Предлог измената на Законот за исплата на плати, се брише членот 5, што значи со исплатата на платата од месец јануари 2012 година ќе престане обврската просечната месечна плата по работник, на ниво на работодавач да не биде пониска од гранската основица односно од 50% од просечната месечна плата на ниво на оддел за тековниот месец.

Се предлага и правото на покачување на платата да не надмине 5% (претходно 10%) почнувајќи со исплата за декември 2012 година (претходно септември 2012 година).    

 
 

НОВИНИ ВО НАЧИНОТ НА ПОДИГАЊЕ НА СИНИ КАРТОНИ

Согласно известувањето на ФЗО на РМ, обврзниците кои имаат вработени над 10 лица, за подигање на сини картони потребно е да достават барање односно име на фирма и даночен број на следната адреса infoskopje@fzo.org.mk. Обврзниците кои имаат вработени до 10 лица картоните можат да ги подигнат на шалтерите во подрачните служби со копија декларација или даночна картица. 

 
 

СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА СЕКОИ ДВЕ ГОДИНИ

Согласно измените на член 22 од Законот за безбедност и здравје при работа кои се објавија во Службен весник на РМ бр.136/11, од 11.10.2011 година работодавачот мора да обезбеди задолжителни здравствени прегледи за вработените на секои 24 месеци. Предходно систематските прегледи се вршеа на секои 18 месеци, а со измените тој рок се пролонгира така што работодавачот мора да обезбеди задолжителни здравствени прегледи за своите вработени на секои 24 месеци.

 
 

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ И ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

Новини во оданочувањето со ДДВ

Согласно измените на Законот за ДДВ објавени во „Службен весник на РМ“ бр.135/11 од 11 октомври 2011 година се пропишува повластена стапка од 5% за:

- сурово масло за производство на храна за човечка исхрана и

- услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти.

Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок од 5 години по изградбата ќе се оданочува со 5% до крајот на 2015 година.

Новини во оданочувањето со данокот на добивка

Согласно измените на Законот за данокот на добивка кои се објавија во „Службен весник на РМ“ бр.135/11 и кои влегоа во сила од 11 октомври 2011 година:

- даночните обврзници чиј вкупен приход остварен во претходната година по сите основи, не изнесува повеќе од 3.000.000 денари ќе бидат целосно ослободени од плаќање данок,

- малите и микро трговци, како и правните лица резиденти на РМ кои водат сметководство според ЗТД чиј вкупен приход изнесува 3.000.001 денари до 6.000.000 денари ќе можат да избираат дали ќе плаќаат годишен данок на вкупен приход или данок на добивка.

Даночните обврзници кои ќе изберат модел на годишен данок на вкупен приход не ќе може да го менуваат истиот во наредните 3 години вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок на вкупен приход, доколку во наредните 3 години остваруваат вкупен приход од 3.000.001 денари до 6.000.000 денари на годишно ниво.

 

 
 

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 01.01.2012 ГОДИНА ЌЕ ИЗНЕСУВА 8.050 ДЕНАРИ

Владата, работодавците и синдикатите ја утврдија минималната плата во Република Македонија. Од 01.01.2012 година минималната нето плата ќе изнесува 8.050 денари, а бруто платата 12.265 денари.

Овој минимален износ ќе се регулира со посебен закон кој треба да се донесе до крајот на годината и истиот ќе има тригодишен период на приспособување.

 
 

ЗАБРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

Почитувани, Ве потсетуваме дека согласно член 24-а од Законот за трговија („Сл.весник на РМ бр. 16/04...53/11“) на 30 септември 2011 год. истекува можноста на трговците за користење на продолжено време за продажба на алкохолни пијалаци кое во периодот од 1 мај до 30 септември 2011 год. траеше од 06,00 до 21,00 часот

Од 1 октомври до 30 април 2011 год. забраната за продажба на алкохолни пијалаци е од 19,00 до 06,00 часот наредниот ден

 
 

НОВ ПРАВИЛНИК ЗА ПОПИС

Од 11 август влезе во сила новиот Правилник  за начинот на вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот. Правилникот е објавен во „Службен весник на РМ“ бр.107/2011 и веќе може да се користи при спроведување на пописот.

 
 

НОВ ОБРАЗЕЦ УЈП-РДО/ВК-ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ ПРИХОДИ ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР

На веб страницата на УЈП се објави нов образец УЈП-РДО/ВК кој се користи за паушално оданочување на граѓаните кои вршат дејност од времен карактер.

Овој образец треба да го достават до УЈП сите граѓани кои остваруваат повремено приходи од продажба на пуканки, балони, пченка, крофни, изнајмување на детски реквизити од забавен карактер, лежалки, педалинки и сл.

 
 

РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА И ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ Е 4%

Согласно член 266-а став 6 од Законот за облигациони односи („Службен весник на РМ“ бр.18/01...161/09) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата („Службен весник на РМ“ бр.42/11), Народна банка на РМ објави дека референтната стапка за пресметување на казнената камата за периодот 01.07.2011 до 31.12.2011 изнесува 4%.

Значи и во второто полугодие ќе се применуваат истите стапки на казнена и договорна камата како и во првото полугодие.

 
 

ЗАБРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

Согласно член 24-а од Законот за трговија („Службен весник на РМ“ бр.16/04...53/11) во периодот од 1 мај до 30 септември забраната за продажба на алкохолни пијалаци е од 21,00 до 6,00 часот наредниот ден. Од 1 октомври до 30 април забраната трае од 19,00 до 06,00 часот.

 
 
НОВА НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ

Ве известуваме дека ДЗС почна со примена на новата Национална класификација на дејностите (НКД-РЕВ2) при објавување на податоците за плата по дејности.

Новата национална класификација на дејностите е објавена во „Службен весник на РМ“ број 147/2008.

Податоците за просечно исплатена бруто плата по вработен за месец март 2011 година се изработени според новата Национална класификација на дејностите.

Коресподентната табeла меѓу НКД-РЕВ 1 И НКД-РЕВ2 е објавена на веб страницата на ДЗС или можете да ја погледнете тука...

 
 

ДОСТАВУВАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ПП ДО ЦРМ И ПО 1 АПРИЛ 2011 ГОДИНА

Согласно известувањето на Централниот регистар на РМ, Ве информираме дека  пријавувањето на адресата на електронското сандаче со Образецот ПП, ќе се врши и по 1 април 2011 година, без надомест.

Прием на пријавите за упис на адресата на електронското сандаче (e-mail адреса) се врши секој ден од 08,30 до 13,30 часот.

 
 

СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ

Важечката законска регулатива на РМ предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци.

По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата.  

 
 
 
 
 
 

 
Превземи профактура
за Претплата за 2012 година


- Профактура за
стопански субјекти
(Годишна претплата за 2012 година)


- Профактура за
нестопански субјекти и сметководствени бироа
(Годишна претплата за 2012 година)
 
 Ваши сугестии
Коментар
 
 Посебни изданија на
 ФВ Консалтинг
 

Аналитички сметковен план
1.500 ден.
...Повеќе
 

Прирачник за сметководство за буџетите и буџетските корисници
3.500 ден.
...Повеќе
 

Прирачник за сметководство според МСФИ/МСС
4.900 ден.
...Повеќе
 

1.400 ден.
...повеќе
 

1.600 ден.
...повеќе
 

1.400 ден.
...повеќе
 

2.700 ден.
...повеќе
 

1.470 ден.
...повеќе
 

1.300 ден.
...повеќе
 
 
 
Copyright © 2004 FV Konsalting