Корисник:
Лозинка:
 
 
 Курсни листи
Тековен курс на МКД
(Курсна листа од Народна Банка на Р. Македонија)
 
 
 
 Корисни линкови
 
- Сојуз на стопански
комори на Македонија
 
Владини институции
- Претседател на РМ
- Собрание на РМ
- Влада на РМ
- Министерство за одбрана
- Министерство за внатрешни работи
- Министерство за образование и наука
- Министерство за животна средина
- Министерство за локална самоуправа
- Министерство за здравство
- Министерство за финансии
- Министерство за економија
- Министерство за труд и социјала
- Министерство за култура
- Министерство за надворешни работи
Останати државни агенции и институции на Република македонија
- Управа за јавни приходи на РМ
- Царинска управа на РМ
- Агенција за приватизација
- Завод за вработување
- Завод за статистика
- Државен завод за геодетски работи
- Централен регистар на РМ
- Фонд за ПИО
- Македонска берза за хартии од вредност
 
 
Кратки вести
 

  СОВЕТУВАЊАТА ЗА ГОДИШНАТА СМЕТКА

ЗА 2009 ГОДИНА

ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

26 јануари 2010 година хотел „Кристал палас“ ПРИЛЕП
28, 29 и 30 јануари 2010 година хотел „Метропол“ ОХРИД
1 февруари 2010 година мотел „Слив“ ВИНИЦА
2 и 3 февруари 2010 година хотел „Континентал“ СКОПЈЕ
4 февруари 2010 година хотел „Илинден“ СТРУМИЦА
5 февруари 2010 година хотел „Југо“ ГЕВГЕЛИЈА
9 и 10 февруари 2010 година хотел „Континентал“ СКОПЈЕ

ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊАТА ЗА СТОПАНСКИ СУБЈЕКТИ    

КЛИКНЕТЕ ТУКА...

ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊАТА ЗА НЕСТОПАНСКИ СУБЈЕКТИ 

КЛИКНЕТЕ  ТУКА... 

 
 

  ПОНУДА ЗА ПРЕТПЛАТА ЗА 2010 ГОДИНА 

ЕКОНОМСКО ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ ФВ ВИ НУДИ ПРЕТПЛАТА ЗА 2010 ГОДИНА СО КОЈА ДОБИВАТЕ: 24 БРОЈА  “БИЛТЕН ФВ“ И 4 БРОЈА “СМЕТКОВОДСТВО, ПРАВО И РЕВИЗИЈА“. ПО ПОТРЕБА, МОЖНИ СЕ И ДОДАТНИ ИЗДАНИЈА НА СПИСАНИЈАТА СО ЦЕЛ ДА БИДЕТЕ ВО ТЕК СО НОВИНИТЕ. НАШИОТ СТРУЧЕН ТИМ Е ТУКА ЗА ВАС И ВАШИТЕ ПРАШАЊА, А СО  ПРЕТПЛАТАТА ДОБИВАТЕ И БЕСПЛАТЕН ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ НА НАШАТА ВЕБ СТРАНА.

 

  ПРЕТПЛАТАТА ЗА 2010 ГОДИНА ИЗНЕСУВА: 

13.800,00 ДЕНАРИ

Превземете ја фактурата тука

ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ СЕГАШНИТЕ И ИДНИТЕ НАШИ ПРЕТПЛАТНИЦИ ОД ОБЛАСТА НА ЈАВНИОТ СЕКТОР-БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЈАВНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДЕКА СО ИЗВРШЕНАТА ПРЕТПЛАТА ЗА 2010 ГОДИНА ЌЕ  ГО ДОБИЈАТ БЕСПЛАТНО НАЈНОВИОТ "АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВЕН ПЛАН" КОЈ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ОД 1 ЈАНУАРИ 2010 ГОДИНА.

ПОВЕЛЕТЕ НА СОРАБОТКА ...

 
 

БРУТО ПЛАТА - НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ЗА ЈАНУАРИ 2010 ГОДИНА

При утврдување на најниската и највисоката основица за пресметување и плаќање на придонеси за јанауарската плата 2010 година, како просечна бруто плата се зема објавената бруто плата за месец ноември 2009 година, која изнесува 29,829,00 денари.
Најниската основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 14,914,50 денари (50% од 29,829,00 денари).
Највисоката основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 119,316,00 денари (4 х 29,829,00 денари)
Основиците ќе се применуваат во текот на цела 2010 година (член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување „Службен весник на РМ“ бр. 62/09)

                                              
                                              
                                             

 
 

ПРАВОТО НА ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ ЗА ДЕКЕМВРИ 2009 ГОДИНА Е 0,5%.

Согласно објавата на Министерството за труд и социјална политика објавена во „Службен весник на РМ“ бр.4/2010 правото на пораст на платите за декември 2009 година е 0,5%.

 
 

МЕСЕЧНОТО ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2010 ГОДИНА Е 7.035 ДЕНАРИ

Согласно објавата на Министерството за финансии објавена во „Службен весник на РМ“ бр.2/2010 година месечното лично ослободување  по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија за 2010 година изнесува 7.035 денари.

Годишното лично ослободување изнесува 84.420,00 денари.

 
 

НОВ ПРАВИЛНИК ЗА ВОДЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВО

Во „Службен весник на РМ“ бр.159/2009 се објави нов Правилник за водење сметководство кој ќе се применува од 1 јануари 2010 година. Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за водење на сметководството („Службен весник на РМ“ бр.94/04, 11/05 и 116/05).

Новиот Правилник за водење сметководство ќе се користи за изработка на завршната сметка за 2010 година.

 
 

ОДРЕДБИТЕ ЗА ЗАКОНСКАТА И ДОГОВОРНАТА КАЗНЕНА КАМАТА ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 1 ФЕВРУАРИ 2010 ГОДИНА

Согласно со измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи објавени во „Службен весник на РМ“  бр.161/2009 одредбите за законската и договорната казнена камата ќе се применуваат наместо од 1 јануари 2010 од 1 февруари 2010 година.

 

 
 

КОЕФИЦИЕНТОТ ЗА МДБ ЗА ДЕКЕМВРИ 2009 ГОДИНА Е -1,4%

Согласно соопштението на Државниот завод за статистика бр.4.1.9.89 од 31.12.2009 година коефициентот за МДБ за декември 2009 година е (-1,4%).

 
 

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО ЈАНУАРИ 2010 ГОДИНА

Согласно Законот за празници на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) во јануари 2010 година неработни денови се:

- за сите граѓани на РМ неработен ден е 01 Јануари (петок), Нова година и 07 Јануари (четврток), Божик

- за граѓаните од православна вероисповед 06 Јануари (среда), Бадник, ден пред Божик и 19 Јануари (вторник), Боговјавление (Водици)

- за граѓаните од српската заедница во РМ 27 Јануари (среда), Свети Сава.

 
 

НОВИ СТАПКИ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЈАНУАРСКАТА ПЛАТА

Во „Службен весник на РМ“ бр.156/2009 година се објавија измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.Согласно овие измени почнувајќи од јануарската плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок ќе се користат следниве стапки на придонеси:

- ПИО 18%

- основно здравство 7,3%

- дополнително здравство 0,5%

- вработување 1,2%.

 

 
 

НОВАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА  ДДВ-04 СЕ ПРИМЕНУВА ОД 29 ДЕКЕМВРИ 2009 ГОДИНА

Новата даночна пријава ДДВ-04 која се применува од 29 декември 2009 година се објави во „Службен весник на РМ“ бр.157/2009 и се пропиша со новиот Правилник за формата и содржината на даночната пријава на ддв.

 
 

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА-НОВИ ОБРАСЦИ ДБ, МДБ И ДД-ИД

Со измените на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното  ослободување или двојното оданочување („Службен весник на РМ“ бр.150/09) се пропишаа нови обрасци ДБ-Даночен биланс и МДБ-Месечен даночен биланс.

Со новиот Правилник за образецот пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добовката („Службен весник на РМ“бр.150/09) се пропиша новиот образец „ДД-ИД„-Пресметка на данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката.

Новиот образец ДБ се користи при утврдување на данокот на добивка за завршната сметка за 2009 година. Новиот образец МДБ ќе се користи за утврдување на месечните аконтации на данокот на добивка  за период февруари 2010-јануари 2011 година, а образецот ДД-ИД ќе се поднесува при исплата на дивиденда и други исплати од добивката.

Овие нови обрасци може да ги симнете од нашата веб страна во делот обрасци.

 
 

ПРАВО НА ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ ЗА 11/2009 Е 0,15%

Согласно објавата во „Службен весник на РМ“ бр.147/2009 стапката на трошоците на живот за месец ноември 2009 година  во однос на октомври 2009 година е повисока за 0,3%. Правото на пораст на платите за месец ноември 2009 година во однос на месец октомври 2009 година за работодавачите од членот 3 став 1 од Законот за исплата на платите во Република Македонија е 0,15%.

 
 

ДО 31 ДЕКЕМВРИ - РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

Граѓаните кои обавуваат земјоделска дејност или истата ја вршат како дополнително занимање, почнувајќи од 2009 година, данокот на доход можат да го плаќаат според паушално утврден приход.

Со воведување на паушалното оданочување за земјоделците се создаваат услови за олеснување на вршењето на земјоделската  дејност, што е од посебна важност за оваа категорија на даночни обврзници кои поради карактерот на самата дејност во голем процент не се во можност да водат деловни книги.

Барање за паушално оданочување се поднесува до даночната канцеларија на УЈП на чија територија се наоѓа живеалиштето на обврзникот најдоцна до крајот на 2009 година. Барањето за паушално оданочување се доставува истовремено со Барањето за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност. повеќе...

 
 

ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ОДРЕДЕНИ УСЛУГИ

Од 30.10.2009 година, корисниците на услуги од Централниот регистар на Република Македонија ќе имаат можност да користат дваесетина услуги по намалени цени, во просек од 30% до 50%.

Намалувањето на цените за одредени услуги се однесува на заложниот регистар, регистарот за права врз недвижности, регистарот за годишни сметки и регистарот за вложувања во недвижности на резиденти во странство и на нерезиденти во Република Македонија. Новата Тарифа влегува во сила од 30.10.209 година, со што престанува да важи Тарифата на ЦР на РМ број 02-01/38 од 05.09.2007 година.

За повеќе информации кликнете на повеќе

 
 

ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ ЗА ОСТВАРЕН ПРОМЕТ НАД 1.300.000 ДЕНАРИ ВО ТЕКОТ НА КАЛЕНДАРСКАТА ГОДИНА

Согласно последните измени и дополнувања на Законот за ДДВ даночните обврзници кои заклучно со месец ноември 2009 година оствариле вкупен промет над 1.300.000 денари, задолжително треба да се регистрираат за целите на ДДВ и до УЈП да поднесат Пријава за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) во периодот од 1 до 15 декември 2009 година.

Со ДДВ-04 пријавата за првиот даночен период треба да се поднесе и образецот “Данок на додадена вредност содржан во залихи на добра наменети за понатамошна продажба пред регистрација за целите на ДДВ“ (образец ДДВ-05/1), како прилог кон ДДВ пријавата. Вкупно пријавениот ДДВ за одбивка од образецот ДДВ-05/1, даночните обврзници го истакнуваат, еднократно, во првата ДДВ даночна пријава во полето 14 од пријавата со предзнак “ -“, доколку ги исполнуваат законските услови за одбивка на овој данок. 

 
 

ДДВ-04 ПРИЈАВА СО ПРИЛОЗИ ЗА ИЗВРШЕН ПРОМЕТ И НАПЛАТА

Согласно член 41 од ЗДДВ, даночниот обврзник кон даночната пријава (ДДВ-04) треба да поднесе и периодичен финансиски извештај од банкарските сметки преку кои го остварува работењето како и периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања.

Ве известуваме дека за да се добие периодичниот финансиски извештај од банкарската сметка до банката се поднесува БАРАЊЕ кое го пропишува самата банка и може да се обезбеди од шалтерите на самата банка или нејзината веб страница.

Периодичниот фискален извештај се штампа од самата фискална каса.

 

 
 

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ЗА ДРЖАВНИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ И СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ

Согласно измените на Законот за персонален данок на доход („Службен весник на РМ“ бр.139/09) од 27 ноември 2009 година се ослободуваат од персонален данок на доход надоместокот на трошоци за службени патувања (трошоци за превоз, сместување и исхрана) при патување на државните репрезентации и спортските клубови на официјалните првенства и други меѓународни натпревари.

 
 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЛОЗИ КОН ПРИЈАВАТА ДДВ-04

Согласно измените на Законот за ДДВ кои се применуваат од 11.11.2009 година, даночните обврзници за ДДВ се должни со поднесување на ДДВ-04 пријавата да поднесат во прилог периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовинските плаќања посебно за секој одобрен фискален систем како и периодичен извештај од банкарските сметки за секоја денарска и девизна сметка посебно.Банкарскиот извештај го издаваат банките каде се водат сметките.

Даночните обврзници кои електронски  ја поднесуваат ДДВ-04 пријавата имаат можности да ги поднесуваат прилозите кон ДДВ пријавата по електронски пат.

 
 

ПРАВОТО ЗА ОТПИС НА КАМАТИ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТИ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2009 ГОДИНА

На даночните обврзници кои поднеле Барање за отпис на камата до УЈП, им преостанува краток период, најдоцна до 31 декември 2009 година да ги искористат можностите кои ги нуди Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување.

Во третиот период на плаќање на главниот долг и споредните даночни давачки, предвиден е отпис на 50% на каматите кои ги должи даночниот обврзник, доколку уплатата на главниот долг и споредните даночни давачки обврзникот ја изврши во периодот од 1 септември 2009 година до 31 декември 2009 година.

 
 

ВО 2010 ГОДИНА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРИДОНЕСИ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ СО ПОБЛАГА ДИНАМИКА

Владата на РМ го утврди Предлог-буџетот за 2010 година според кој во 2010 година ќе се примени поблага динамика на намалување на социјалните придонеси така што придонесот за ПИО ќе се намали од 19% на 18%, наместо  на предвидените 16,5%,  а придонесот за здравственото осигурување од 7,5%наместо на предвидените 7,0% ќе се намали на 7,3%.

Доколку во текот на годината реализацијата на приходите и остварувањето на економијата се поголеми од предвидувањата  ќе се продолжи со намалувањето на придонесите.

Ова предвидено намалување на придонесите мора да се преточи во измена на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

 
 

НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ ВЛЕГОА ВО СИЛА ОД 11 НОЕМВРИ 2009 ГОДИНА

Последните измени и дополнувања на Законот за ДДВ се објавија во „Службен весник на РМ“бр.133/2009 и влегоа во сила од 11 ноември 2009 година.Како посебно интересна е  одредбата според која првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се  користат за станбени цели и кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата ќе се оданочува со повластената стапка од 5%.  Повластената стапка ќе се применува до 31 декември 2011 година. За останатите новини прочитајте во Билтен ФВ 22/2009 .

 
 

КОЕФИЦИЕНТОТ ЗА МДБ ЗА ОКТОМВРИ 2009 ГОДИНА Е -1,3%

Согласно соопштението на Државниот завод за статистика бр.4.1.9.74 од 02.11.2009 година коефициентот  за месечната аконтација за данокот на добивка за месец октомври е -1,3% што значи дека месечната аконтација за данокот на добивка за октомври ќе се плати без да се ревалоризира.

 
 

 

КОЕФИЦИЕНТОТ ЗА МДБ ЗА СЕПТЕМВРИ Е -1,2%

Согласно соопштението на Државниот завод за статистика бр.4.1.9.67 од 01.10.2009 година коефициентот за МДБ за септември е -1,2% што значи при плаќање на аконтацијата за данокот на добивка за септември не се ревалоризира данокот.

 
 

ВОДАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ  ЌЕ СЕ ОДАНОЧУВА СО 5% ДДВ

Согласно измената на Законот за ДДВ („Службен весник на РМ“ бр.114/09) од 22 септември 2009 година  и водата за наводнување на земјоделско земјиште ќе се оданочува со 5% ДДВ.

 
 

ОД 15 СЕПТЕМВРИ-ПОДНЕСУВАЊЕ И ПРИЕМ НА СИТЕ ВИДОВИ ОБРАСЦИ И ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ НА УЈП

Согласно соопштението на УЈП граѓаните и даночните обврзници почнувајќи од 15 септември 2009 година, сите видови обрасци (барања за издавање на уверенија и потврди, даночни пријави) кои се доставуваат до Регионалните Дирекции може да ги поднесуваат и во Контакт Центарот на УЈП без разлика на местото на живеалиште на граѓанинот, односно местото на седиште на правното лице.Контакт центарот на УЈП е лоциран во Градскиот Трговски центар,2-ри кат над Кино Милениум.

Услугите  на приемната канцеларија се достапни секој работен ден и сабота од 09.00 до 20.00 часот.

 
 

ПРОМЕТОТ НА СТАНОВИ ЌЕ СЕ ОДАНОЧУВА СО 5% ДДВ

Владата на РМ на седницата на 4 септември 2009 година донесе одлука да се намали ДДВ на продажбата на станови од 18 на 5 %. Со повластената стапка ќе се оданочуваат сите станови кои ќе се продаваат откако ќе стапат во сила новите измени на Законот за ДДВ, односно стапката од 5% ќе важи и за становите кои се веќе изградени,а нивната продажба ќе се случи по донесувањето на законските измени.Се очекува  наскоро Собранието да ја усвои измената на Законот за ДДВ.

 
 

НОВИНИ ВО ТРГОВИЈАТА СО АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

Согласно измената на Законот за трговија објавена во „Службен весник на РМ“ бр.99/2009 година која влезе во сила од 5 август 2009 година во периодот од 1 мај до 30 септември се забранува продажбата на алкохолни пијалаци од 21,00 до 6,00 часот наредниот ден.

Во останатиот период од годината важи забраната за продажба на алкохолни пијалаци од 19,00 до 6,00 часот наредниот ден.

 
 

 

НОВА  АКЦИЗНА ПРИЈАВА ЗА МИНЕРАЛНИ МАСЛА (ОБРАЗЕЦ АКЦ-ММ)                      

Имателите на акцизна дозвола поднесуваат Нова Акцизна пријава АКЦ-ММ за минерални масла за месец јули 2009 година до 15 август 2009 година.   

Новиот  образец АКЦ-ММ е пропишан во Правилникот за изменување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите кој е објавен во Службен весник на РМ  бр. 94/09, а влезе во сила од 30ј ули 2009 година.

Новата акцизна пријава е резултат на измените на Правилникот за квалитет на течни горива со кој се воведоа неколку нови видови минерални масла.

Отворени се следниве нови уплатни сметки за акцизи за минерални масла:

- 840***2944-акциза на ЕУРОСУПЕР БС-95 со приходна шифра 714264

- 840***2965 - акциза на ЕУРОСУПЕР БС - 98 со приходна шифра 714265

- 840***2970 - акциза на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-ЕВ) со приходна шифра 714266

- 840***2986 - акциза на мазут М-1 (М-1 НС) со приходна шифра 714267.

Новите уплатни сметки иако не се објавени во „Службен весник на РМ“ се оперативни и на нив се вршат уплати.

 
 

ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ ВО НЕСТОПАНСТВОТО ОДЛОЖЕНО ЗА СЕПТЕМВРИ 2010 ГОДИНА

Со измените во Законот за исплата на платите во Република Македонија објавени во “Службен весник на РМ“ број 92/2009 година, се одложи зголемувањето на платите за 10% за вработените во нестопанството, за месец септември 2010 година.

Утврденото право на зголемување на платата за 10% требаше да важи од месец септември 2009 година.

 
 

НОВ ОПШТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА СТОПАНСТВОТО НА РМ

Новиот Општ колективен договор за стопанството на РМ е објавен во “Службен весник на РМ„ бр.88/2009, а ќе се применува од 16 јули 2009 година.

Со новиот Општ колективен договор за стопанството на РМ,  се изврши усогласување со Законот за работните односи во делот на надоместоците на трошоците на работниците поврзани со работа, а кои се однесуваат на организираната исхрана и организираниот превоз до и од работа.

Согласно со овој Колективен договор работодавачот може, доколку не организирал исхрана за време на работа или немал организиран превоз до и од работното место, на работниците да им ја зголеми платата во висина што ќе ја определи во договор со синдикатот.

 
 

ИЗМЕНИ ВО КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ

Со измените и дополнувањата во Колективниот договор за здравствената дејност на РМ кои се објавени во “Службен весник на РМ„ бр. 88/2009, од 17 јули 2009 година се намалени процентите за пресметување на додатоците на плата за потешки услови за работа од нормалните и додатоците за:

  • прекувремена работа 29% (претходно 35%)
  • работа ноќе (помаѓу 22 часот и 6 часот наредниот ден) 29% (претходно 35%)
  • работа во 3 смени 4%
  •  работа во итна медицинска помош 8% (претходно 10%)
 
 
 
 
 
 
 


Претплата 2010

Превземи профактура

- стопански субјекти


- субјекти од јавен сектор
 
 Ваши сугестии
Коментар
 
 Посебни изданија на
 ФВ Консалтинг
 

Додаток на БИЛТЕН (СТОПАНСТВО)
1.000 ден.
 

Додаток на БИЛТЕН (ЗДРАВСТВО)
1.000 ден.
 

1.400 ден.
 

1.600 ден.
 

3.900 ден.
 

1.400 ден.
 

1.490 ден.
 

2.700 ден.
 

1.470 ден.
 

1.300 ден.
 
 
 
 
 
Copyright © 2004 FV Konsalting